H2>Германските премиум производители објавија рекордни продажби за изминатата година, што првенствено може да се должи на зголемената побарувачка за SUV односно crossover модели

Mercedes-Benz е најуспешниот бренд, втора година по ред, додека BMW има најмногу продажби во својата групација (BMW, Mini, Rolls-Royce).

Продажбата на Mercedes пораснала за 9,9% или 2,29 милиони. BMW како посебен бренд, напреднал за 4,2 отсто или 2,09 милиони возила. Напредок бележи и Audi, иако рака на срце многу помал (0,6%), или бројка од над 1,88 милиони продадени автомобили, што секако би можело да се заблагодари на големиот скок во декември во Кина (34%), кој е најголем бренд од Инголштат.

Во декември, најдобар бил BMW, со пораст од 9,5 отсто или 195.916 нови регистрации, победувајќи го Mercedes, чија продажба во претходниот месец пораснала, но само 1,7% или 193.534 возила, додека напредокот на Audi е 16 отсто (180.250 возила).