Рекордно високи цени на половните возила: дизелски Golf поскап за дури 30 отсто!
Трендот е многу јасен: понудата на користени автомобили, особено на популарните бензински и дизел модели, се намалува, а цените, барем за сега, веројатно ќе продолжат да растат
Намаленото производство на нови автомобили во моментов ја зголемува цената не само на нив, туку и на половните автомобили. Во исто време, ЕУ сака да ја забрани продажбата на нови бензински и дизел автомобили најдоцна до 2035 година, од кога би требало да се дозволи продажба само на електрични автомобили. Она што многумина го занемаруваат е дека само мал дел од клиентите воопшто сакаат да поседуваат електричен автомобил, но производителите во исто време нудат се помалку и помалку мотори со внатрешно согорување или почнуваат не ги нудат. Резултатот е очигледен, барем во фазата на транзиција, понудата на користени бензински и дизел возила ќе се намалува побрзо од побарувачката. Тоа се одразува на развојот на цените на половните автомобили, кои само минатата година во просек пораснале за речиси 25 отсто.
Така, додека користените возила во март 2021 година чинеле во просек 21.793 евра, во март 2022 година тие веќе биле 26.817 евра. Највисокиот месечен раст на цените е од јануари 2022 година до февруари 2022 година (плус 3,2 проценти), по кој доаѓа промената од ноември 2021 до декември 2021 година (плус 2,9 проценти). Ексклузивно за Focus.de, најголемиот германски пазар за половни автомобили, Mobile.de избрал неколку модели каде што поскапувањето е особено високо. Споредбата е направена помеѓу март 2021 и март 2022 година и покажува дека пазарот на половни автомобили полека, но сигурно се празни.
Примери:
- VW Polo: раст на цената од 38 проценти. Со оглед на тоа што малите автомобили не се профитабилни за производителите, а истовремено стануваат и поскапи за производство поради строгите ограничувања за емисија на штетни гасови во ЕУ, тие полека но сигурно исчезнуваат од палетата на многу производители. Овој недостаток на залихи и, се разбира, моментално високите цени на горивото значат дека користено VW Polo одеднаш е исклучително привлечно. Во март 2021 година, овој мал автомобил сè уште се продавал за просечни 10.105 евра, а моментално таа бројка е 13.941 евра – цели 38 проценти повеќе.
- VW Golf: Дизелот е многу баран – и станува се поредок. За само неколку години, компанијата со седиште во Волфсбург ќе продава само електрични автомобили во Европа. Изгледа дека тоа не им се допаѓа на купувачите на половни автомобили, бидејќи VW Golf TDI моментално е барана стока, а неговите цени се зголемени за 31 отсто.
- VW Touran и Sharan: Mobile.de моментално нуди неверојатни 31 отсто помалку Touran примероци од пред една година, додека просечната цена се зголемила за 24 отсто или 21.653 евра. Големото комбе VW Sharan, со лизгачки врати, се нуди за дури 25 отсто повеќе.
Овие модели претставуваат само дел од вкупниот пазар и се однесуваат само на најголемата продажна платформа Mobile.de. Но, трендот е многу јасен: понудата на користени автомобили, особено на популарните бензински и дизел модели, се намалува, а цените, барем за сега, веројатно ќе продолжат да растат.
Извор: Ревија ХАК