Renault Kadjar во 2015 година зазеде силна позиција во SUV сегментот, привлекувајќи широк спектар на клиенти

Во исто време, Kadjar, профитираше од соработката на Renault со Nissan во поглед на погонот на сите тркала и способноста за возење надвор од патот.

По три години, Renault го освежува и подобрува Kadjar во сите сегменти, а истовремено почитувајќи ги традиционалните SUV стандарди, има попривлечна, стилизирана, подинамична линија. Сепак, бидејќи во Renault тврдат дека клиентите, барем досега, го избирале Kadjaj поради дизајнот, визуелните промени се суптилни.

Благо се променети предниот и задниот браник. Предната маска е проширена со повеќе хромирани детали, а новина е спојувањето на дневните светла во С форма со показателите за насока во една целина. Светлата за маглата сега се во коцкаст облик, наместо заоблениот, а позади се ставени LED светла, магленки и жмигавци.

Достапни се нови 17 и 19-инчни алуминиумски фелни, а на постоечката палета на бои додадени се сива, сина и зелена нијанса.

Новиот Cadjar акцентот го става на удобноста, квалитетот и ергономскиот дизајн, а ентериерот е редизајниран за уште поудобно секојдневно возење.

Што се однесува до тој дел од автомобилот, променети се отворите за вентилација и прекинувачите за отворање на прозорците и вратите, проширен е просторот за мали предмети, додека потпирачот за раце сега е фиксиран. Renault посебно внимание посветил на седиштата, кои сега имаат нов вид на пена, така што го поддржуваат телото подобро и можно е да се прошири делот за седење.

Освежениот Kadjar доаѓа со понапредни, поефикасни бензински и дизел мотори за уште поголемо возење.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1q2D2Y3oUK5BZiJzWg5YcYxaGyMNqiJQ-” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” candownloadzip=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Клиентите во понуда ќе имаат нов 1.3-литарски 4-цилиндерски бензинец, кој е развиен во соработка со германскиот гигант Daimler, a кој доаѓа во верзии со 140 и 160 КС, со рачен и автоматски менувач EDC.

Унапреден е и добро познатиот и сигурен 1.5-литарски dCi дизел, кој под новата Blue dCi етикета има помала емисија на штетни гасови, а неговата моќност е зголемена од 115 и 150 КС.

Renault сеуште не ја објавил цената за редизајнираниот Kadjar, кој во продажба влегува за неколку месеци. Почетната цена се очекува да изнесува околу 23.000 евра, што претставува мало зголемување од моделот пред редизајн.