Речиси сите „јапонци“ мамат за резултатите од загадувањето и потрошувачката
Јапонскиот производител Mazda е новиот во низата обвинети производители за мамење на тестовите за потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови
Контроверзните тестови се спроведени на примероци од произведени возила избрани во процесот на обезбедување на квалитет.
За мамење на тестовите осомничен е и Suzuki, а Министерството за земјиште, инфраструктура и транспорт на Јапонија резултатите наскоро и официјално ќе ги објави.
Во последните неколку години, јапонската автомобилска индустрија ја тресат вести за мамење на тестовите за потрошувачка на гориво и емисија на гасови од страна на производителите, а се започна со Mitsubishi и Suzuki во 2016 година.
Потоа, производителите на автомобили почнаа да ги истражуваат сопствените стандарди за усогласеност и емисија во согласност со владините регулативи, a Mazda откри сопствени фалсификати за време на својата внатрешна истрага. Истото се случи и со Nissan и Subaru.
Во јуни, Subaru мораше да поправи претходен извештај за бројот на погодените возила, а разликата беше речиси двојна. Сето тоа доведе до предвремено пензионирање на директорот Јашујоки Јошинага.
Минатиот месец, Nissan, исто така, призна дека мамел. Двете компании користеле неквалификувани инспектори за конечна проверка на возилата, што довело до фалсификување на резултатите. Претпоставите се дека фалсификатот на Nissan трае повеќе од 30 години.
Од скандалот со штетните емисии во Volkswagen, владите ги истражуваат производителите на автомобили и нивните податоци за емисиите на штетни гасови и потрошувачката на гориво. Дополнителното тестирање го одложи лансирањето на нови модели, или производителите на автомобили повлекуваа нови дизел производи од одредени пазари.
Додавањето на Mazda на растечката листа на автомобилски производители кои мамат со резултатите секако е разочарувачки.
Според информациите, дури и Yamaha е осомничена за мамење.