Растот на цената на дизелот не застанува! Од утре нови цени.
Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 26.08.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 101,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 97,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,977 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,955 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,173% или за 10,850 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,246% или за 36,250 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,720% или за 18,450$/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,255% или за 7,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,6368 ден/$ и е за околу 0,411 % повисок од курсот на доларот (61,3847 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.