Ранг листа: колку литри гориво се добива за просечна плата по земји?!
Руската новинска агенција РИА Новости подготвила интересен преглед во кој се наведени резултатите од пресметката на односот помеѓу просечната нето плата на физичко лице и цената на литар бензин во одредени национални економии
Анализата на табелата подолу е можеби најбрзиот начин да се согледа разликата помеѓу зборовите „ефтино“ и „прифатлива цена“ и брзо да се заклучи дека, иако на прв поглед не изгледа така, во прашање не се синоними.
Некои земји на оваа листа се котирани многу лош, иако цената на горивото во нив е меѓу најниските во Европа, како на пример Белорусија. Оваа земја е пример за тоа како ефтиниот бензин не е истовремено „достапен“ за локалното население благословено од цврстата рака на лидерот.
Според цитираните извори, најголем број литри споредено со просечната плата можат да купат жителите на Луксембург. Таму и горивото е ефтино, и приходите на населението се екстремно високи, односно се меѓу највисоките на Стариот континент. Најлошо на листата котира Украина, каде што ниските цени на горивата се комбинираат со ниската просечна плата.
Што се однесува до Македонија, заклучокот може да се вади според последниот податок на Државниот завод за статистика за просечната плата, а се однесува за ноември 2020 година, кога изнесувала 27.588 денари (околу 449 евра). На 17.11.2020 година, цената за ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесуваше 60,00 динари за литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51,00 денари. Според овие бројки се доаѓа до цифра од 450 литри бензин односно 541 литар дизел, па вие сами одлучете каде би се рангирале на оваа табела (се надеваме дека јазичната бариера нема да ви биде проблем).
Напомена:
1 ЕУР – 91,13 РУР (руски рубљи)