Во торбата од насловната фотографија, има збир од алатки кои повеќе или помалку не се разликуваат од комплет на алати во други возила 

Резервни сијалици, француски клучеви, шрафцигери, сет за репарација на дупната гума, ремен… Некој би рекол дека сето ова не е ништо посебно, освен фактот дека доаѓа од багажникот на Ferrari F40.

Моделот е дизајниран да го прослави четириесеттиот роденден на марката. Суперавтомобилот Ferrari F40 се произведувал од 1988 до 1992 година и бил составен во серија од само 1.315 единици. Го краси исклучително мала маса благодарение на фактот дека телото е изработено од композитни, лесни материјали.

Италијанскиот суперавтомобил несомнено остави значителен белег во автомобилската индустрија и секако во историјата на компанијата. Не треба да се потенцира дека е дел од соништата на многу колекционери, а фактот дека цената на една копија денес е повисока од еден милион евра доволно зборува за тоа колку се цени. Од тие причини, сопствениците на ова Ferrari ги чуваат и се грижат своите миленици и не се двоумат да потрошат целото едно мало богатство, кога некои резервни делови ќе се појават на продажба.

Таков е случајот и со алатот за поправка понуден на продажба преку аукциска страница од Велика Британија – collectingcars.com.

Како и да е, сетот е 100% комплетен и бил доставуван со секоја нова, а потоа продадена копија на Ferrari F40. Според составот посебен не е, освен што е „оригинален“ и исклучително редок. На самиот тендер, цената достигна бројка од скоро десет илјади евра, што е сума со која може да се купи па да речеме и нов автомобил. Точната достигната цена е 8.500 британски фунти или 9.842 евра!