Puma и Bronco не се единствените! Ford планира повеќе стари имиња да ги врати на сцената
Американците инспирација за именување на нови модели бараат во минатото
Новата Puma е вистински хит за Ford, а воедно и најпродаван модел на марката во Европа. Многумина ја критикуваа одлуката на „синиот овал“ да го даде ова име на новиот кросовер од „В“ сегментот, бидејќи во минатото едно купе ја носело истата ознака
Новите генерации не се грижат многу за наследството на автомобилските компании и нивното минато, па Puma беше прифатена со раширени раце. Имајќи го тоа во предвид, Ford има намера да врати некои од познатите имиња од својата долга историја.
Првиот кандидат е новиот електричен теренец кој ќе се базира на платформата MEB на групацијата Volkswagen и ќе се произведува во Келн, a Ford има неколку избори во врска со моделите кои имаle успешна кариера на Стариот континент.
Така, лесно може да се случи повторно да ги видиме Cortina, Capri или Probe, кои некогаш им беа добро познати на европските клиенти. Во игра се и имињата како Escort и Sierra.
Очигледно е дека Ford сака да се потпре на новиот тренд во автомобилската индустрија со враќање на донекаде заборавени имиња. Неодамна го видовме новиот Lamborghini Countach, Renault најави нова генерација на „четворката“ и „петката“… Очигледно ретрото се враќа во мода.