Само две недели откако потврди дека компанијата Tesla својата нова гига-фабрика ќе ја изгради во Шангај, Илон Маск, изјави дека првата таква фабрика во Европа најверојатно ќе биде лоцирана во Германија

На неговиот профил на социјалната мрежа Twitter, Маск напиша дека Германија би можела да биде најдобриот избор во врска со локацијата за првата гига-фабрика во Европа.

„Германија е првиот избор за локација за нашата фабрика во Европа. Границата помеѓу Германија и Франција, покрај земјите од Бенелукс, звучи логично“.

Изборот на Германија за локација на новата гига-фабрика на Tesla всушност има смисла, бидејќи овој технолошки гигант веќе има база на операции во градот Прим, кој е на само 30 километри од Белгија.

Имено, овде е сместен инженерскиот оддел Tesla Grohham, чија специјалност се автоматизирани системи за производство, а во изминатите неколку месеци, ова одделение играше голема улога во зголемување на производствениот капацитет за Model 3.

Сепак, Tesla не е единствената компанија која сака да произведува батерии за електрични автомобили во Германија. Кинеската компанија Contemporary Amperex Technology (CATL) моментално преговара со властите на таа земја, според агенцијата Reuters. CATL, како и LG Chem и Samsung, неодамна добија нарачки од Volkswagen Group за испорака на батерии за електрични возила во вредност од 25 милијарди долари.

Во секој случај, амбициите на Tesla не запираат на Европа и Азија. Претставници на оваа компанија претходно изјавија дека се планира изградба уште една фабрика, чија локација сеуште не е позната.

Како и Tesla, така и други големи производители на батерии имаат намера да одат пшо истите стапки и сакаат да изградат големи погони.

Првата од гига-фабриките на Tesla, Gigafactory 1, сè уште е во фаза на изградба во Невада, а Panasonic инвестираше околу 3 милијарди долари во неа.

Претставници на Tesla, а особено Маск, веруваат во фактот дека производството на батерии на едно место ќе ги намали трошоците за производство, а со тоа во иднина електричните возила ќе бидат поевтини.