„Ако не можеш да ги победиш, придружи им се“, е филозофијата според која можеби и се водел Porsche во својата најнова инвестиција

Во официјалното соопштение за медиумите, Porsche се надева дека идната соработка ќе се развие на повисоко ниво.

„Со тоа што Rimac разви чисто електричен суперавтомобил со две седишта, како Concept One или C Two, како и фактот дека компанијата сама ги создаде основните системи за работа на возилото, Rimac покажа импресивна способност во областа на електромобилноста“, вели Лук Мешке, заменик-претседател на Извршниот одбор и член на Извршниот одбор за финансии и ИТ, во рамките на Porsche. „Сметаме дека идеите кои се промовираат и пристапот кој го применува Rimac е навистина ветувачки, a тоа ни дава надеж дека влегувањето во поблиска соработка со компанијата ќе биде полн погодок“.

Во овој момент, Rimac, кој со работа има започнато во 2009 година и тоа во гаража, вработува 400 луѓе. Компанијата е фокусирана на технологија за високонапонски батериски единици, како и погонски системи за чисто електрични возила. Покрај тоа, Rimac, развива интерфејс конекција за вештачка интелигенција, како и електрични велосипеди, преку фирма ќерка, основана во 2013 година.

„Ова партнерство е важен чекор за нас за да станеме главен избор за добавувач на компоненти во електромобилната индустрија, конективноста, како и во возбудливото поле на напредни системи за помош на возачите“, вели Мате Римац.

Оваа врска помеѓу Porsche и Rimac, исто така, би можела да доведе и до поврзување на хрватската компанија со други марки од Volkswagen Group. Исто така, Римац најави дека ќе обезбеди својата експертиза на компанијата Automobili Pininfarina во конструкцијата и лансирањето на нивните електрични хипер автомобили и електрични кросовери.