Harley-Davidson го претстави својот прв електричен мотоцикл по име LiveWire со импресивни динамични перформанси, напредна технологија и ексклузивен изглед неразделен од останатиот дел од брендот

LiveWire се пали со едноставно вртење на рачката за гасот, а благодарение на оптимизираниот центар за гравитација, цврстата алуминиумска рамка и прилагодливата суспензија има врвна управливост.

Благодарение на неговите исклучителни возни карактеристики и 235 километри автономија помеѓу две полнења, овој мотоцикл е идеален за градска средина. Harley-Davidson LiveWire е опремен со технологија за брзо полнење, така што капацитетот на батеријата од 0-80 проценти капацитет се полни за 40 минути, а за 60 минути до 100%. Батеријата има гаранција од пет години без оглед на километражата.

Погонската единица HD Revelation е во состојба веднаш да го развие потребниот вртежен момент. Мотоциклот од 0-100 km/h забрзува за три секунди, а од 100 до 129 km/h стигнува 1,9 секунди.

LiveWire има функција регенеративно сопирање која ја полни батеријата. Ова е особено корисно во сообраќајниот метеж и при чести движења и запирања.

Сопственикот на LiveWire нема да мора да го сервисира овој мотор како стандарден Harley-Davidson. Потребна е само повремена проверка на погонскиот ремен, промена на маслото во трансмисијата, течности за сопирачките, плочките од сопирачките, гумите, кои се стандардни потрошни материјали.

LiveWire е опремен со бројни електронски системи за асистенција на возачот, како што е на пример Defensive Rider Systems кој го подобрува вртењето на моторот.

Над управувачот се наоѓа 4,3-инчен екран во боја чувствителен на допир кој ги прикажува сите информации потребни за возачот.

LiveWire е првиот електричен мотоцикл на престижната компанија дизајниран да ја зацврсти позицијата на Harley-Davidson на пазарот. Електричниот Harley во САД, Канада и неколку европски земји во продажба влегува оваа година, а во следните две ќе стигне и до остатокот од светот.

Почетната цена на Harley-Davidson LiveWire ќе биде 29.799 долари.

https://youtu.be/DRy9H_6qbtM