Првиот електрифициран караван со беџот на Opel: новата Astra доби Sports Tourer модификација / ФОТО+ВИДЕО
Откако на светот му беше претставен хечбекот од новата генерација на Opel Astra со ознака L, сега пред нас е караван верзијата која традиционално се нарекува Astra Sports Tourer. Со оглед дека компактот од Риселсхајм нема да добие лимузинска варијанта или модификација со три врати во оваа генерација, ова ќе биде единствената алтернатива на хечбекот
Опсегот на достапни погонски единици за новата Astra Sports Tourer е целосно идентичен со оној што е достапен за хечбек верзијата. Може да се избере 1.2-литарски турбо бензинец, со 110 коњски сили во едната верзија и 130 коњски сили во другата. За жал, оваа единица е со три цилиндри, но можно е да се купи и верзија со четири цилиндри. Согорува нафта и од 1.5-литарската единица црпи 130 коњски сили.
Сите варијации имаат старт-стоп систем и 6-степен мануелен менувач, додека 8-степениот автоматски може да се добие само за верзиите со 130 КС.
Plug-in хибридите се опремени со 1.6-литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри, електричен мотор и 12.4 kWh батериски пакет и може да понудат 180 или 225 „коњи“, соодветно.
Astra Sports Tourer е растегната на 464 x 186 x 148 сантиметри во должина, ширина и висина и нуди висина на товарење од приближно 600 mm. Багажникот обезбедува зафатнина од 608 литри или 1.634 со спуштени задни седишта. Дури и со литиум-јонска батерија сместена под подот, plug-in хибридните верзии сè уште обезбедуваат практичен товарен простор со волумен од повеќе од 548 литри или 1.574 литри.
Волуменот на багажникот во верзиите на мотор со внатрешно согорување е оптимизиран со помош на технологијата Intelli-Space, која е достапна со доплата. Овој двозонски под може лесно, со само една рака, да се прилагоди на повисока или пониска положба и да се постави под агол од 45 степени.
Тука е и најновата верзија на прилагодливи светла Intelli-Lux LED Pixel со технологија без заслепување. Овој систем доаѓа од водечките модели на Opel Insignia и Grandland со 168 LED елементи.
Новата Opel Astra се очекува веќе во почетокот од новата година, додека караванската верзија треба да пристигне некаде пред летото.