Првиот електричен Rolls-Royce пристигнува до 2030 година
Британскиот производител ќе ја прескокне постепената електрификација, поточно, нема да нуди хибридни модели, туку веднаш ќе се префрли на целосно електрични возила
Согласно се почестите најави ширум светот за забрана на продажбата на возила со SUS погонски единици доаѓа и најавата од британскиот Rolls-Royce да понуди електрифициран модел во наредните десет години. Но, британскиот производител ќе ја прескокне постепената електрификација, поточно, нема да нуди хибридни модели, туку веднаш ќе се префрли на целосно електрични возила. Останува прашањето кога точно ќе се одржи премиерата на првиот електричен Rolls-Royce. Сегашните модели на оваа марка како Wraith и Dawn се при крај на својот животен век, па прашање е какви и дали ќе има наследник на овие автомобили. Можно е токму наследникот на едно од овие две возила да биде најавениот EV.
Rolls-Royce и претходно флертуваше со идејата за електричен автомобил. Уште во 2011 година, концептот 102EX беше прикажан на салонот во Женева. Овој модел располагаше со 389 КС и 880 Nm, што овозможуваше забрзување до стотка за 8 секунди, додека максималната брзина беше 160 km/h.
Проблем беше малата автономија на движење од само 200 километри. Иако раководството на Rolls-Royce сериозно ја разгледа опцијата овој концепт да влезе во сериско производство, на крајот се откажа. Но, времињата се менуваат и Rolls-Royce дефинитивно се подготвува да влезе во EV сегментот.