Потврдата доаѓа директно од германскиот бренд

Пристигнувањето на електричната верзија на овој теренец не значи и повлекување на класичната со SUS мотор. Всушност Porsche планира во понуда да ги има двата модела. Сосема новиот Macan најпрво ќе го видиме во конвенционално одело и тоа кон крајот на оваа година.

Германскиот производител посочува дека продажбата на електрични возила во Европа е значително зголемена, но дека тоа не е случај во остатокот од светот, па затоа SUS моторите се оние на кои и понатаму ќе продолжи да се потпира германскиот премиум бренд. Како потсетување, Porsche работи и на истражување на синтетички горива кои реално може да бидат спас за традиционалните мотори со внатрешно согорување.

Сепак, и покрај ова, Porsche вложува многу во електрификацијата. Новиот бран електрични возила од оваа марка треба да започне со батерискиот Macan, кој на пазарот ќе се најде во 2023 година. Овој автомобил ќе ја користи новата PPE платформа развиена за претстојната генерација на електрични возила.

Porsche објави дека започнува со тестирање на прототипи на електричниот Макан на јавни патишта, а по тој повод беше прикажано како изгледаат овие автомобили кои се во почетниот дел од развојот. 

Германците најавуваат дека овие тест автомобили ќе поминат повеќе од три милиони километри во следните две години, во различни временски услови. Целта е, велат тие, е да се направи електричниот Macan да биде најспортски модел во својот сегмент.