Откако продаде повеќе од 450.000 хибридни автомобили во Европа, Lexus го претстави и својот прв електричен автомобил на Стариот континент

Компактниот електричен теренец Lexus UX 300e е веќе достапен на повеќе европски пазари, како што се Норвешка, Велика Британија, Холандија и Германија, а изборот за првично лансирање токму на овие пазари се должи на добро развиената инфраструктура за полнење.

UX 300e се напојува со електричен мотор со 204 КС (150 kW) и вртежен момент од 300 Nm. Погонот е на предните тркала, а моторот овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 7,5 секунди и максимална брзина од 160 km/h.

Батеријата со капацитет од 54,3 kW/h нуди автономија до 315 километри со едно полнење. Единицата со вкупно 288 батериски ќелии се наоѓа под подот на автомобилот, а освен што не предизвикува загуби од просторот за багаж, овозможува и пониско тежиште. И што е поинтересно, литиум-јонскиот пакет има гаранција од 10 години или еден милион километри.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”17Iv85beN2S7sVbeObjGFJ8JZYGmVAyKZ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Воедно, марката прослави 30 години на европскиот пазар со еден милион продажби. Луксузниот оддел на Toyota на европскиот пазар стапи неколку месеци по неговото лансирање во САД во 1990 година.

Почетоците биле скромни: еден модел (LS 400) и 1.158 продажби, но сето тоа се менувало со текот на годините. Над 450.000 од досега продадените милиони автомобили се хибриди, а нивниот удел денес достигнува 96%.

Неспорен лидер меѓу продадените автомобили е кросоверот RX со скоро 290.000 реализирани продажби. Генерално, моделите на теренски возила сочинуваат 55% од вкупната продажба на брендот досега и 80% учество во последните години.