Koenigsegg го направи првиот автомобил во светот кој користи технологија на голи јаглеродни влакна, која се нарекува Koenigsegg Naked Carbon или скратено KNC

KNC не содржи лак, завршна глазура или кој било алтернативен слој кој обично се користи на површини изработени од јаглеродни влакна. Тенкиот слој на епоксид кој вообичаено ги покрива зацврстените јаглеродни влакна внимателно е отстранет со рачно полирање. Ова е многу чувствителен процес, бидејќи еден потег лесно може да го оштети ткаењето под епоксидот. Конечниот резултат е феноменален нов изглед. Телото на автомобилот станува студено кога се допира поради „недостаток“ на епоксид и лак.

Оваа смела конфигурација и технологија на обработка на јаглеродни влакна е нарачана од страна на швајцарскиот авто дилер Carage чие официјалното отворање е закажано по салонот за автомобили во Женева следната година.

Koenigsegg овој метод го има усовршувано повеќе години, применувајќи го на фелни, спојлери, управувачи …, со одличен ефект.

Пред да одлучат да ја користат оваа технологија на целото тело на автомобилот, мали примероци биле тестирани на екстремно високи температури, како и во екстремно ниски. Деловите биле изложени во овие услови во текот на неколку години, со цел да се осигура дека нема да има негативни ефекти врз оваа феноменална завршна обработка.

Она што е интересно е дека KNC е многу поотпорен на гребнатини кои се јавуваат, на пример, при удари на камчиња при возење, споредбено со традиционалниот лак третман.

Кристијан фон Кенигсег, извршен директор на Koenigsegg вели дека не е необично нивните клиенти да нарачуваат автомобил од изложен карбон, сакајќи гордо да покажат од каков материјал е изработен автомобилот кој го поседуваат. KNC ја зема оваа идеја и ја подига на уште повисоко ниво, бидејќи сега, освен визуелната убавина на јаглеродните влакна, е можно да се почувствува и нивната структура.

Со оглед на фактот дека на овој автомобил кој користи технологија KNC нема лак и тенок слој од епоксид, а во овој случај станува збор за моделот Regerа, истиот има 20 килограми помалку од „стандардно“, офарбаната Regerа.

Оваа Regerа, кој неодамна е доставена на погоре наведениот дилер во Швајцарија е првиот Koenigsegg, но исто така и првиот автомобил некогаш кој ја користи оваа технологија, а сигурно е дека нема да биде последен.