Електричниот кросовер на Ford, базиран на популарниот спортски модел Mustang, ја носи ознаката Мach-Е како омаж на познатиот Mustang Мach-1

Светската премиера на Mustang Mach-E е закажана за 17 ноември, но благодарение на неколку screenshot фотографии кои протекоа на официјалниот сајт два дена порано, протекоа и првите технички детали, а може да се види и како изгледа овој автомобил.

Моделот, кој во продажните салони ќе пристигне во втората половина на 2020 година, ќе се продава во пет варијанти: Select, California RT.1, Premium, First edition и GT.

Во зависност од верзијата и погонот (заден или погон на сите тркала), автономијата на возење ќе се движи околу 340-480 километри.

Најмоќната верзија GT, која ќе пристигне малку подоцна, од 0-96 km/h ќе забрзува за околу 3,5 секунди, а погонот ќе биде на сите четири тркала.

Што се однесува до ентериерот на автомобилот, тој е дизајниран во минималистички стил карактеристичен за електричните автомобили, пред се оние на Тesla. На контролната табла доминира големиот таблет екран од мултимедијалниот систем, кој зазема најмногу простор на средишната конзола, а тука е уште еден дигитален дисплеј наместо конвенционалната аналогна инструмент табла.

Цената на најевтината варијатна, Select, стартува од 43.895 илјади долари.

Повеќе детали за електричниот кросовер Mustang Мах-Е ќе бидат објавени по официјалната премиера.