Претходно ова лето, Kia го отстрани превезот од интернационалната варијанта на новата генерација на Sportage

Конечно дојде време популарниот корејски модел официјално да дебитира ин на европско тло, а премиерата е закажана за 1 септември. Премиерата ќе биде дел од онлајн настан, кој ќе се „стримува“ на официјалните канали на компанијата, со почеток во 11 часот по централноевропско време.

Моделот за Стариот континент е дополнително дизајниран според вкусовите на европските клиенти, а пред своето деби, Киа лансираше неколку скици.

Се разбира, тешко е да се процени вистинскиот дизајн на новитетот од приложените илустрации, но дефинитивно тоа е реинтерпретација на предните и задните браници, со некои други промени, како што е калибрација на системот за суспензија и погонски системи специфични за европските пазар.

Kia претходно објави дека ќе претстави plug-in хибридна верзија на Sportage на саемот во Минхен овој септември.

Електрифицираниот модел комбинира 1.6-литарски турбо четири цилиндри со електричен мотор, кој се напојува од литиум-јонски батерии од 13,8 kWh. Ќе се карактеризира со таканаречениот систем „Е-Handling“, со задача да ги подобри перформансите и балансот во свиоци.

Во зависност од пазарот, интернациоалната варијанта на новата генерација на Sportage ќе се нуди со стандардно и продолжено меѓуоскино растојание, со дополнителни погонски агрегати како 1.6-литарски бензинец со 180 КС и 2.0-литарски турбодизел со 186 коњски сили. Стандардниот менувач е 6-степен мануелен, додека 7-степениот DCT е наменет за бензинецот, додека 8-степениот автоматик за дизел моделот.

Во играта ќе бидат и дополнителни единици со внатрешно согорување, иако сеуште не е прецизирано кои ќе се најдат во Европа.