Новиот Taigo ќе се произведува во Шпанија, a продажбата ќе започне оваа година

Интернет порталот Carscoops ги објави првите фотографии од идниот Volkswagen Taigo без камуфлажа. Кросоверот, кој се базира на моделот Nivus развиен во Бразил, ќе се продава во Европа и веројатно ќе биде најевтиниот мини-SUV во гамата на германскиот гигант.

   Судејќи според фотографиите, европската верзија на кросоверот не се разликува значително во дизајнот од латино-американската. Различни се решетката на ладилникот и светлосниот потпис, како и обликот на задниот браник. Тест-автомобилот, фотографиран од автомобилските папараци, нема шини на покривот, иако се стандардни на Nivus.

Volkswagen Taigo е изграден на буџетна верзија на платформата MQB-A0, која ја користат Polo и T-Cross. Дури и основното ниво на автомобилот ќе има LED фарови, а повисоките опции ќе добијат дигитални инструменти и мултимедија со екран чувствителен на допир.

Погонот ќе биде позајмен од T-Cross, со акцент на 3-цилиндерските бензински единици.

Премиерата на Taigo е закажана за ова лето, а продажбата ќе започне некаде пред крајот на годината. Кросоверот ќе се произведува во фабриката на VW во шпанскиот град Памплона.