Австрискиот Formula 1 тим, Red Bull Racing, ги објави првите фотографии од нов RB15 болид, кој од оваа година ќе користи погонски агрегати од Honda

Дизајнот на автомобилот значително е променeт споредбено со минатата сезона, боите се црвена и сина, но искуството вели дека ова и не мора да е дефинитивна комбинација на бои кога ќе почне сезоната.

Четирикратните шампиони помеѓу конструкторите го завршија долгогодишното партнерство со Renault и сега останува да се види дали повторно ќе можат да се борат за титулата, со фаворизираните Mercedes и Ferrari.

Соработката со Honda е навистина храбар чекор ако се има во предвид дека во 2018 година, Јапонците го зазедоа последното место меѓу производителите на мотори. И покрај прекинот со renault, логото на спонзорот Tag Heuer сеуште е на бодилот на Red Bull, но на нова позиција – сега лежи пред главата на пилотот, наместо на носот и моторот. Тука е и логото на Aston Martin – на шпицот од болидот, странично до возачот и на задното крило.