Британскиот Bentley објави две официјални тизер фотографии од моделот во доаѓање – луксузната лимузина Flying Spur

Лимузината со четири врати која е базирана на новата генерација на Continental GT, треба да дебитира до крајот од оваа година.

Фотографиите не откриваат многу, освен силуета и заштитниот знак Flying B во форма на орнамент на врвот од хаубата.

Врз основа на претходно видените тест модели, овој модел се очекува да ги преземе новините од Continental GT како на пример поширока предна маска, задни овални светла и унапредени фарови.

Flying Spur ќе биде поставен на продолжена верзија на платформата MSB, на која е поставен и Continental GT. Новата архитектура поддржува 48-волтна електрификација, а нови технолошки детали се очекуваат и во салонот, како што е 12,3-инчен мултимедијален систем и троен панел на контролната табла.

Под капакот на моторот треба да се најде 6.0-литарски W12 агрегат со 630 КС и 900 Nm. Ќе биде достапен и 4.0-литарски twin-turbo V8 кој веќе е достапен во новиот Continental GT генерира 545 КС и 770 Nm.

Од Bentley тврдат дека оваа единица располага со старт / стоп функција и технологија за гаснење на цилиндрите која овозможува автономијата од 800 километри со еден резервоар кај Continental GT. Оваа автономија кај Flying Spаr ќе биде помала со оглед на поголемата тежина во однос на Continental GT.