Во просек, жените се помали и полесни од мажите и имаат различни мускулни конституции, а сето тоа влијае на повредите при судар

Кога беа започнати краш тестовите во раните 1970-ти, не се размислувало многу за анатомијата. Создадена е стандардизирана манекен кукла тешка 78 килограми и висока 1,75 метри, што биле мерки на просечен маж. За жените не се размислуваше претерано, до неодамна. Во параметрите на краш тестовите се добивани се резултати кои се скроени според машката физиономија. За жените користена е само помала кукла од машката: со 48 килограми и висина од 1,49 метри. Сепак, оваа кукла претставува само пет проценти од жените зад воланот и повеќе личи на 12-годишно дете.

Шведската инженерка Астрид Линдер и нејзиниот тим сега дизајнирале женска кукла која ја претставува просечната жена. Со висина од 1,62 метри и тежина од 62 килограми, оваа кукла е одраз на просечната женска популација. Ова е многу потребно затоа што жените прават половина од сите патувања со автомобил и се повеќе склони кон повреди во такви несреќи, вели Линдер, која е директор за безбедност на патиштата во Шведскиот национален институт за патишта и транспорт и го води истражувањето за женската кукла во Линкопинг.

Нејзиниот тим во лабораторија симулира сообраќајни несреќи и нивните последици неколку пати на ден. Сензорите во куклата обезбедуваат податоци за спасување на живот со мерење на прецизните физички сили што делуваат на секој дел од телото во несреќа. Тимот снима податоци вклучувајќи брзина на удар, сила на нагмечување, отклонување, вртежен момент на телото и стапки на сопирање. Тие, исто така, набљудуваат што се случува со биомеханиката на куклата при мали удари одзади. Според податоците на американската влада, кога една жена е вмешана во сообраќајна несреќа, постои до три пати поголема веројатност таа да претрпи повреда на вратот од заден судар отколку маж. Иако повредата од удар одзади обично не е фатална, таа може да предизвика физички попречености, од кои некои може да бидат трајни.

Линдер верува дека нејзиното истражување може да помогне да се обликува како се означуваат автомобилите во иднина и ги истакнува клучните разлики меѓу мажите и жените. Во просек, жените се помали и полесни од мажите и имаат различни мускулни конституции, а сето тоа влијае на повредите при судир, особено ако безбедносните карактеристики на возилото се скроени по „машките“ кукли. Пред да може да се користи женска кукла при тестовите за судир, таа мора прво да биде сертифицирана од релевантните органи.