Компанијата ќе понуди две нови верзии на моделот EQA

Откако доби повеќе од 20.000 нарачки за првата верзија на компактниот електричен кросовер Mercedes-Benz EQA со индекс 250 и погон на предните тркала, германскиот производител лансира уште две модификации на моделот. Станува збор за модификаците 300 4Matic и 350 4Matic кои добиваат и втор електромотор кој управува со задните тркала.

Послабата верзија развива 228 КС и 390 Nm, забрзувајќи од 0 до 100 km/h за 7,7 секунди, додека помоќната располага со 292 КС, 520 Nm и забрзување до стотка за 6 секунди. И во двата случаи, максималната брзина е ограничена на 160 km/h, а батеријата е иста како и кај верзијата со еден електромотор – 66,5 kW/h. Автономијата со едно полнење варира од 400 до 432 километри.

На германскиот пазар, Mercedes-Benz EQA 300 4Matic чини 55.538 евра, додека EQA 350 4Matic има цена од минимум 56.216 евра. Бидејќи и двата кросовери чинат помалку од 65.000 евра, нивните купувачи можат да сметаат на „еколошки бонус“ од федералната влада од 6.000 евра. Самиот производител исто така дава попуст од 2.500 евра, што значи дека електричните автомобили чинат 45.443 и 48.515 евра, соодветно.

Стандардната опрема на моделите вклучува LED фарови, 18-инчни алуминиумски тркала, електрична контрола на задната врата, амбиентално осветлување со 64 нијанси, камера за возење наназад, мултифункционален волан и мултимедијален систем MBUX со навигација.

Дополнителните опции за поделени во три пакети на опрема. Advanced вклучува дисплеи со зголемена дијагонала до 10,25 инчи, контрола на „слепите“ точки и асистент за паркирање. Advanced Plus додава влез и стартување на возилото без клуч, двозонска клима, понапреден аудио систем и безжичен полнач за паметни телефони, додека Premium пакетот вклучува панорамски кров, аудио систем Burmester… Пакетите чинат 2.500, 4.000 и 5.500 евра, соодветно.

Mercedes-Benz до крајот на годината ќе лансира уште една верзија на EQA со значително зголемена километража со едно полнење, која ќе добие помоќна батерија. Се очекува со неа кросоверот да може да минува околу 550 километри со едно полнење.