
Производството на Tesla Model Y за Европа започнува кон крајот на годината
Производството за Стариот континент ќе значи и значително поголема побарувачка за овој автомобил со четири тркала
Илон Маск потврди дека монтажата на Model Y во фабриката во близина на германската престолнина ќе започне пред крајот на тековната година. Тоа е конечно добра вест за оваа фабрика, која досега се соочуваше со голем број проблеми, а сеуште и не започнала да работи.
Првично, производството на Model Y во германската фабрика ќе биде лимитирано, но Tesla очекува бројот на монтирани единици од овој електричен теренец да се зголемува од ден на ден. Американскиот бренд има многу големи амбиции со производство на Стариот континент. Целта е половина милион електрични возила да пристигнуваат годишно од фабриката во близина на Берлин, со фокус на дуото Model 3 / Model Y.
Ова значи дека продажбата на овие два автомобили драстично ќе се зголеми на европскиот пазар, кој досега покажа сериозен апетит за моделите на Tesla. Така, во јуни, Model 3 беше вториот најпродаван автомобил во Европа со испорачани околу 26.000 примероци. Се разбира прв е Golf.
Инаку, Tesla веќе започна да прима нарачки за Model Y од европските земји, а првите примероци треба да бидат испорачани во септември оваа година. Американскиот бренд најпрво ќе започне со испорака на варијантата Long Range, односно изданието со најдолг опсег. Се додека не започне производството во Германија, Tesla автомобилите за Европа ќе ги произведува во Кина.
За Европјаните достапни ќе бидат две варијанти: Long Range и Performance. Првaта може да се пофали со опсег од 505 километри, максимална брзина од 217 km/h, додека забрзување до 100 километри на час е само 5 секунди.
Втората верзија нуди подобри перформанси, но и пократок опсег – 480 километри. Може да вози до максимални 241 km/h, а спринтот до 100 km/h трае само 3,7 секунди.