Произведен последниот Volkswagen e-Golf / ВИДЕО
Германскиот Volkswagen и официјално го прекина производството на електричниот е-Golf (базиран на седмата генерација) во фабриката во Дрезден.
Германците престанаа да го нудат е-Golf во САД уште во март годинава, но продолжија да го продаваат во Европа се до сега.
VW е-Golf беше лансиран во 2014 година и се произведуваше во Волфсбург до минатото лето, додека неговото производство во Дрезден започна во март 2017 година.
Volkswagen има произведено вкупно 145.561 е-Golf едниници (од кои 50.401 во Дрезден), што го прави еден од најпопуларните електрични автомобили во Европа.
Исто така, од Volkswagen соопштуваат дека во следните неколку недели ќе ги направат сите потребни промени за во Дрезден да се започне со производство на електричниот модел ID.3 на крајот од јануари 2021 година.