Профитабилен бизнис на островото: Британците заработуваат илјадници фунти од изнајмување дворови
Неочекуван извор на приход ги „крпи“ тенките буџети на Британците за време на пандемија
И покрај тешката деловна година, Британците минатата година заработиле над 23 милиони евра од изнајмување дворови. Поточно, тие изнајмиле сегменти од своите дворови за паркирање или постојани места за паркирање што ги имаат во приватна сопственост.
Сето ова е овозможено со апликацијата YourParkingSpace, преку која можат да изнајмуваат места за паркирање, по час, ден или месец. Апликацијата во моментов нуди над 250.000 места за паркирање, а цените, се разбира, варираат од локација до локација. Секој што аплицира независно ги дефинира цените, достапноста и додава опис на локацијата. Апликацијата нуди и околу 4.000 места за паркирање со полнач за електрични возила.
Рековме, цените варираат, така што во Лондон тие се движат од две до дури 15 фунти на час. Во 2021 година се очекува поголема побарувачка, особено ако многу работници продолжат да одат на работа во сопствени автомобили, посочуваат од компанијата.