Продолжува електричната офанзива на Volkswagen. Деби за ID.5 / ФОТО+ВИДЕО
Новитетот од Волсбург доаѓа во две верзии, стандардна и GTX, во три нивоа на опрема и три погонски опции. За оние кои не знаат, овој модел е купе верзија на електричниот кросовер ID.4, со кој го дели меѓуоскиното растојание и има иста должина
Сепак, иако ID.5 лежи на платформата MEB, тој не е чиста копија на ID.4 под „лимот“. За разлика од поконвенционалниот „брат“, новитетот доаѓа со само една опција за батерии, пакет од 77 kWh, кој е поврзан со една од трите погонски единици во зависност од нивото на опрема – ID.5 Pro, ID.5 Pro Performance и ID.5 GTX .
Пакетите Pro и Pro Performance имаат еден електричен мотор поставен одзади, при што првиот испорачува 174 КС (128 kW) и забрзува до 100 km/h за 10,4 секунди. Pro Performance е помоќен со 204 КС (150 kW) и до 100 km/h стигнува за 8,4 секунди. Кај двата модели максималната брзина е електронски ограничена на 160 km/h. GTX, пак, има два мотори, што значи конфигурација со погон на сите тркала, која има 300 коњски сили (220 kW), доволни до стотка оваа верзија да стигнува за 6,3 секунди. Во исто време, максималната брзина е зголемена на 180 km/h.
Компанијата вели дека Pro Performance е дизајниран да испорача опсег до 520 километри по WLTP, додека GTX може да помине најмногу 480 километри со едно полнење. Она што придонесува за добрата автономија е коефициентот на отпорност на воздухот од само 0,26, што е за 0,02 подобро од ID.4. Мора да се признае, наведнатата линија на покривот донекаде одзема од корисниот багажен волумен, кој нуди повеќе од солидни 549 литри со исправена задната клупа или 1.561 литри кога е легната.
Моделот ID.5 доаѓа со најнова технологија, како што е head-up дисплеј со проширена реалност, прилагодлив темпомат, помош за одржување во собраќајната лента и безжични надградби за да компанијата се осигура дека сè ќе остане ажурирано. Има и амбиентално осветлување на контролната табла, вратите и просторот за нозете, додека LED лентата ID.Light користи внимателно избрани светлосни сигнали во боја за да пренесе важни информации до возачот. Системот за гласовна контрола Hello ID може да реагира на команди.
[useyourdrive dir=”1ZdtNA5-zRnyIjXvGc5R1Q_mj6yFUXlWt” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Што се однесува до внатрешноста, ID.5 изгледа идентично со ID.4, со истиот екран за инфо-забавниот систем, општа поставка и дигитална инструментација. GTX добива перфорирани седишта и карактеристични ознаки. Засега ценовникот не е познат, но најверојатно ќе го добиеме пред почетокот на продажбата која во Европа би требало да стартува следната година.
https://youtu.be/MALzDAOojhc