Продажбата во 2021 година на Teslа и донесе рекордна вредност!
Американскиот производител на автомобили во 2021 година продал 936.172 електрични автомобили споредено со 499.647 една година порано
И покрај големите проблеми како што беше неодамнешното повлекување на речиси половина милион автомобили поради проблеми со задната камера и лошо прицврстената хауба која може да се отвори при возење, Tesla се приклучи на листата на компании вредни повеќе од трилион долари.
Американскиот производител на автомобили во 2021 година продал 936.172 електрични автомобили што е скоро двојно повеќе споредено со 499.647 една година порано
Интересно, компанијата успеала да продаде повеќе автомобили отколку што произвела минатата година (930.422 единици симнати од производните линии).
Феноменалните бројки пораснаа особено во последните три месеци од 2021 година, кога на клиентите им се испорачани 308.600 автомобили.
Tesla е моментално шеста најголема компанија во светот зад Apple, Microsoft, Alphabet, Amazon и Facebook.