Продажбата на возила со фосилни горива – најниска во последните 30 години
Досега оваа година, во Европа има само 762.525 нови регистрации, што е најниско ниво од 1990 година, објави Duisburg CAR Institute
Во извештајот се наведува дека продажбата на нови автомобили е помала за 25% во споредба со истиот период во 2020 година, а автомобилските компании потврдиле дека најлоши резултати се забележани во Шпанија (-51.1%) и Данска (-45%).
Од друга страна, забележано е зголемување на продажбата на електрични возила, што укажува на тоа дека доминацијата на возилата со фосилни горива на Стариот континент се намалува.