Корона кризата продолжува да го тресе пазарот на нови автомобили на Стариот континент

Откако голем број европски земји воведоа нови ограничувања на движењето со цел да се запре епидемијата на COVID-19, истите  веднаш резултираа со помала продажба на нови автомобили, иако оваа состојба на пазарот е производ на неколку фактори, а не само на ограниченото движење на луѓето поради новите епидемиолошки правила.

Многу од луѓето се сомневаат дека ова е вовед во нова економска криза и во такви услови не сакаат да купат нов автомобил. Тука е и процесот на електрификација и бројните најави за забрана за SUS автомобилите, а тоа е дополнителен притисок врз потрошувачите.

Така, во Европа минатиот месец биле продадени 14% помалку возила отколку во единаесеттиот месец од 2019 година. Во периодот од јануари до ноември 2020 година, падот на побарувачката е 26%, а тешко дека ситуацијата на крајот од годината ќе биде подобра од сега.

Сите великани на автомобилската индустрија пријавиле пад на продажбата во текот на минатиот месец. На пример, Daimler забележал минус од 16%, групите собрани околу Volkswagen и Renault 14%, PSA 12%, додека FCA може да се пофали со добар резултат во споредба со другите конкуренти, со пад на продажбата од само 4%.

Како и да е, експертите проценуваат дека европскиот пазар на нови автомобили ќе се опорави во следните две години,  а нивото од пред пандемијата ќе го достине дуи 2023 година.