Продажбата на нови автомобили во Европската унија во текот на единаесетте месеци од 2020 година е со пад од над 25 проценти

Пандемијата на коронавирус сериозно го потресе европскиот пазар на автомобили, имајќи предвид дека во периодот јануари-ноември, на клиентите им биле доставени 25,5 проценти помалку нови возила отколку во истиот временски интервал во 2019 година. Продажбата е намалена од 12 на околу 9 милиони автомобили во 2020 година.

Меѓу најпогодените земји се Хрватска (-42,4%), следена од Португалија и Бугарија (-36,4%), а пред Шпанија (-35,3%)

Од големите европски пазари, Италија забележала пад од 29 проценти, а Франција 26,9. Во Германија, во периодот јануари-ноември, продадени се 21,6% помалку нови автомобили отколку во истиот период во 2019 година. Најмал пад е забележан во Литванија (-16,2%), Шведска (-16,4%), Данска (-16,5%) и Финска (-16,7%).

Според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), групацијата Volkswagen сè уште има најголем удел на пазарот во ЕУ (25,6%), со испорачани 2,28 милиони возила.

Следува францускиот PSA (15,4%), кој продал 1,37 милиони автомобили во ЕУ за единаесет месеци од 2020 година, а на третата позиција е групата Renault (11,5%), која испорачаla 1,02 милиони возила до клиентите.

На четвртото место е Hyundai (со брендовите Hyundai и Kia), петта е FCA, шести се BMW Group (BMW, MINI), седми Daimler (Mercedes plus Smart), а на осмото место е Toyota. Првата десетка се заокружува со Ford и Volvo.

Целосниот извештај на ACEA можете да го погледнете на следниот линк.