Продажбата на автомобили по земји во 2019 година
Во 2019 година, глобалната продажба на автомобили се намалила за 4,2% во однос на претходната
Минатата година се продадени 85 милиони автомобили на глобално ниво, со сега веќе двегодишен последователен пад на побарувачката во однос на 2017 година, кога глобалната продажба достигна дури 93,6 милиони возила, пишува focus2move.com.
Во 2018 година продажбата паднала на 92,5 милиони, за да во 2019 година побарувачката забележи уште поголем пад.
Иако на многу големи пазари ширум светот побарувачката била помала отколку во 2018 година, ситуацијата во главно се должи на пазарот во Кина, каде се испорачани 8,7% возила помалку споредбено со една година претходно – разлика од скоро 2,5 милиони автомобили.
Ова се десетте најголеми автомобилски пазари во 2018 година: