Се проценува дека дури 20 отсто од полначниците во Франција не функционираат

Германскиот старт-ап Elvah развил апликација која ги следи тамошните полначи за електрични автомобили. Посебно се означени станиците за полнење кои не се функционални, односно оние кои не работат. Првата проценка на Elvah е дека дури осум до десет отсто од полначниците во Германија не се во функција. Земајќи го во предвид моменталниот број на станици за полнење, тоа е приближно до 7.000 нефункционални уреди за полнење електрични автомобили (од вкупно 70.000 станици за полнење), пишува stern.de.

Во Франција пак, според проценките нефункционални се дури 20 отсто од полначниците. Колку е тоа голем проблемот? Па, голем е, бидејќи бројот на станици за полнење е релативно мал и секој дефект е непријатност за возачите на електрични возила. Многу возачи внимателно го планираат своето патување и доаѓаат до станиците за полнење со минимална количина на електрична енергија во батериите на автомобилот. Ако планираната полначница не работи, кое е решението?