Привлечен „мутант“ базиран на Rolls-Royce Wraith
Желбата да се трансформира сериски модел автомобил на Rolls-Royce во караван била присутна дури и во предвоениот период, додека неколку модерни модели, од време на време, завршиле како трансформирани во комерцијални возила
Пред нас е уште еден таков обид. Овојпат неименуваниот клиент не сакал обичен караван со пет врати, туку стилски уникатен Shooting Brake со три врати, базиран на сериското купе, моделот Rolls-Royce Wraith.
За успешно спроведување на идејата на клиентот, тимот за развој на британскиот бренд побарал помош од независниот дизајнер Нилс ван Рој, кој го основал своето студио за дизајн во Лондон пред неколку години и веќе стана познат по цртежот за караван од Tesla.
Работата на конверзија на купето Rolls-Royce Wraith започнала минатата година, а претходната недела ова уникатно возило било доставено до клиентот. Необичниот караван е наречен Silver Specter Shooting Brake.
Автомобилот со три врати има уникатен кровен панел, како и оригинален заден дел. Новината ја задржала можноста за превоз на четири лица, додека багажникот е преуреден на таков начин што не нуди премногу простор, но затоа е украсен со богат амбиент.
За цената не прашувајте. Не е позната. Генерално, зар очекувате пристојна ценa?