Пристигнува првото летечко Porsche
Возилото ќе има електричен погон, а во развојот ќе помогне и еден американски гигант
Веројатно претпоставивте дека стратешки партнер на Porsche во овој проект е Boeing, кој веќе се „натпреварува“ со Airbus во развој на VTOL летало односно летало со вертикално полетување и слетување.
Porsche, од друга страна, оди во малку поинаква насока, а Boeing веќе најави дека ќе работи на развојот на овој концепт на летечко возило способно за превоз на луѓе во урбаните области, пренесува Reuters. Првите резултати се очекуваат многу наскоро, особено затоа што Боинг веќе е во состојба да произведува летечки автомобил кој може да пренесе до четири патници на оддалеченост од околу 80 км.
Porsche и Boeing воедно се надеваат дека анализата ќе покаже дека постојат пазарна потреба за развој на сериска изведба и старт на производство. Во овој случај, првото летечко Porsche би станало одлично решение за транспортните проблеми во густо населените области, секако за оние кои би можеле да си дозволат таква услуга. Досегашните студии на Porsche покажале дека таков транспортен систем би бележел забележителна нагорна линија на пазарот, веќе во 2025 година.
Интересно, но ако не сте знаеле, и Audi од групата VW, работи на развој на летечки автомобил, но во соработка со Airbus.