Следната генерација на Серија 7 ќе добие ексклузивна опција – електричен погон. Прототипот на идната BMW Серија 7 со батериски погон е официјална потврда за ова

И покрај големиот интерес на BMW за кинескиот пазар и особено поради увереноста дека ќе го задржи најдрагоцениот V12 мотор во Серија 7 барем до 2023 година, станува се повеќе јасно дека тој нема да преживее над таа година. Со други зборови, најквалитетната верзија од следната генерација на Серија 7, која ќе биде лансирана во 2023 година, како погон нема да го има исклучително моќниот 12-цилиндерски агрегат, туку помоќна комбинација на два моќни електромотори.

Оливер Зипсе, шеф на управниот одбор на BMW на прес-конференција за печатот изнесува уверување дека најмоќната верзија од Серија 7 ќе биде електрична. Во понудата за следната генерација ќе бидат вклучени вкупно четири различни погонски опции, односно бензин, дизел, хибрид и чисто електричен. Благодарение на прилагодливата платформа на BMW, сите погонски опции ќе бидат поставени на единствена платформа која ќе има само инфраструктура и придружни елементи прилагодени на избраниот погон.

Се очекува во понудата да има две електрични верзии. Таканаречената i7, како што ќе се вика најбрзата, ќе ја придвижува погонски систем како во BMW i4, кој е најавен за 2021 година. Ова значи два електрични мотори, по еден на секој пар тркала, со вкупна моќност на системот од околу 530 КС и батерија од 80 kWh (вградена во подот на автомобилот).

Врвот на понудата најверојатно ќе се вика i7S и ќе се напојува со комбинација на електрични мотори кои ќе развиваат максимална моќност од околу 650 КС и вградена батерија од 120 kWh. BMW i7S до 100 km/h ќе стигнува побрзо од денешниот M760Li, кому му се потребни само 3,7 секунди. Максималната брзина ќе биде ограничена на традиционалните 250 km/h.

Со сето ова, BMW јасно става до знаење дека за неколку години сите нивни модели на пазарот ќе имаат електрична верзија. Меѓутоа, BMW воедно и јасно става до знаење дека нивниот флексибилен асортиман значително ја намалува нивната чувствителност на можен слаб одговор на пазарот. Со оглед на тоа дека ќе можат да произведуваат и класични и модерни верзии на сите електрични модели на исти линии, тоа значи дека тие ќе бидат принудени да инвестираат значително помалку во производните линии од другите производители. Покрај тоа, нивните линии ќе можат да работат со полн капацитет, без оглед на различните типови на моторизација.