Пристигна првото електрично MINI / ФОТО+ВИДЕО
Точно 60 години по раѓањето на брендот Mini, британската компанија го претстави својот прв сериски електричен модел
Неговот име е MINI Cooper SE и ветува 230 километри автономија (според новиот тест циклус), 184 КС и само 3,9 секунди забрзување од 0 до 94 km/h. Автомобилот на некои европски пазари ќе биде достапен веќе оваа есен, вели Питер Нота, маркетинг директор во BMW Group.
Како што и се очекуваше, новиот електричен модел на MINI го има познатиот традиционален дизајн. Главните одлики на електричната верзија се невообичаените бандажи, предната решеткаи модификуваниот заден браник, каде што дизајнерите биле ослободени од потребата да се вгради издувен систем.
Во пракса, Cooper SE користи компоненти кои повеќето се од обновениот BMW i3S со минимално намален капацитет на батеријата. Автомобилот има можност за брзо полнење, кое одзема само 35 минути. За греење во салонот, Cooper SE има топлинска пумпа која ја намалува потрошувачката на енергија и го подобрува опсегот при возење во зимски услови.
За групата BMW, ова Mini ќе биде само второ чисто електрично возило во вкупната гама по моделот i3. Пред една деценија имаше чисто електрична верзија на MINI, но беше произведена во ограничена експериментална серија, која не е достапна на пазарот.
BMW беше меѓу првите производители кои влегоа во светот на електричниот погон, но последниве години фокусот беше главно на plug-in-хибридите на сметка на чисто електричните возила. Некои аналитичари објавија дека ова се нотирало како слабост и се поврзува со одлуката да не се обнови договорот на главниот извршен директор Харалд Кругер кој истекува следната пролет. Други пак велат дека компанијата сосема разумно го пропуштила периодот кога електричниот погон не бил профитабилен и влегуваат на пазарот токму во моментот кога треба.
„Денес ние ја имаме најшироката палета на електрифицирани возила – од Серија 2 до Серија 7, производи во секој сегмент и во секој регион во светот“, изјави Питер Нота на презентацијата на Mini Electric. „До 2023 година, или две години порано од планираното, ќе имаме 25 електрифицирани модели во својата гама, од кои половина ќе бидат чисто електрични“, додава Нота. „Следната година БМВ ќе го претстави iX3 – својот прв модел со новата, петта генерација на електричен погон. Во 2021 пристигнуваат и i4, наведен како конкурент на Tesla Model 3, како и технолошкиот предводник iNext.
Времето на премиерата не е случајно избрано: пред повеќе од 60 години, летото 1959 година, започнало производството на првата генерација на легендарното Мini. Идејата за автомобилот е родена по Суецката криза, кога во Велика Британија и и други западно европски земји се воведени купони за бензин. Со развојот на автомобил со извонредно ниска економија се занимавал инженерот од грчко потекло, Алек Исигонис. Иако работел со исклучително мал тим (тројца инженери, двајца студенти и четири механичари), Исигонис успеал да дојде до конечниот производ за помалку од две години.