Приоритетите се менуваат: Што е денес најважно при купување нов автомобил?
Високите цени на горивата сменија се што знаевме и сакавме за автомобилите
Идниот автомобил главно се бираше врз основа на неговиот дизајн, карактеристики и доверливост, но големиот пораст на цените на горивото го промени сето тоа. Според новото истражување спроведено од CarGurus во Велика Британија, фактор број еден што луѓето го земаат во предвид денес кога купуваат ново возило е – потрошувачката на гориво.
Високите цени на горивата променија се што знаевме и сакавме за автомобилите. Со сегашните цени на бензинот, секој невнимателен притисок на педалата за гас е болен удар за нашиот паричник, па не е ни чудо што луѓето го менуваат своето однесување, што започнува со изборот на следното возило.
Според студијата на CarGurus, 57% од купувачите на автомобили во Велика Британија сметаат дека потрошувачката на гориво е најважниот фактор кога размислуваат за нивниот следен автомобил. Потрошувачката на гориво ја потиснува доверливоста на второ место (55%), откако доживеа огромен скок од 47% пред да пораснат цените на горивото. Факторот број три порано беше дизајнот/стилот на автомобилот (30%), но тој удел сега е паднат на 20% и е заменет со даночните трошоци (25%), кои порано беа шести на листата при купување на нов автомобил.
Луѓето дури почнуваат да прават компромиси за безбедносните карактеристики само за да врзат крај со крај. Иако рејтингот за сигурност / NCAP се зголемил за една позиција или четвртото место, неговата важност всушност се намалила од 22% на 21%. Речиси една четвртина (23%) од испитаниците рекле дека би купиле поекономичен автомобил доколку горивото во моментот на купувањето би било исто толку скапо како денес, а речиси еден од десет (8%) одговориле дека или би купиле електричен автомобил или ништо.
Дури и со нивните сегашни возила, луѓето почнале да возат помалку само за да заштедат пари. Речиси половина (47%) рекле дека избегнуваат непотребно патување со автомобил, 37% избрале почесто пешачење, 18% користат јавен превоз и 12% возат велосипед. Севкупно, сопствениците на автомобили во Велика Британија возат просечно 28,6 километри помалку неделно отколку пред поскапувањето на горивата.