Причината зошто Британците возат по левата страна стара неколку века!
Освен возачите во Велика Британија, околу 35 проценти од светската популација вози на левата страна од патиштата. Станува збор претежно за земји кои се поранешни британски колонии
Причината е стара неколку стотици години пред автомобилите воопшто и да бидат измислени. Секогаш кога витезите во оклоп јавале по патиштата, населението би се засолнувало на левата страна, бидејќи опремата на овие војници стоела на нивната лева страна. Исто така, на витезите полесно им било да го извлечат мечот од десната страна, ако некој од минувачите имал лоша намера.
Првите возачи на коњски запреги во САД и Франција почнале да се возат на десната страна, бидејќи седеле на задниот лев коњ, што значи дека од левата страна не можеле добро да ги видат возачите кои им доаѓаат во пресрет.
Кога САД станале независни од Велика Британија, оваа практика била регулирана со закон.
Со оглед на фактот дека во САД почнало производство на се поголем број на автомобили, логично било и во други земји да се вози на десната страна од патот, бидејќи воланот и таблата со инструменти се наоѓала на левата страна.