Причината е едноставна: Еве зошто зошто сивата боја на автомобилите е најпопуларна пет години по ред
По сивата, купувачите најчесто избираат црни, бели, сини и црвени автомобили
Пет години по ред, купувачите на нови автомобили во Велика Британија избираат сива боја. Според Thisismoney, минатата година биле регистрирани 415.199 сиви автомобили, што претставува удел од 25,7 проценти!
По сивата боја, најпопуларни се црните автомобили со удел од 20,1 отсто (324.993 единици) и белите автомобили со 16,7 отсто (268.886). Меѓу петте најпопуларни бои се и сината (259.950) и црвената боја (136.793).
Но, зошто сивата боја е најпопуларна?
Мајк Хаус, главен извршен директор на Здружението на производители и трговци на мотори, кое ја спровело анализата, истакнува дека изборот на боја на автомобилот може да помогне или да му наштети на неговата препродажна вредност, при што купувачите се загрижени дека светлата боја може да ја намали вредноста на нивниот автомобил.
„Кога сакаат да се издвојат од толпата – клиентите избираат светли бои, првенствено сина и црвена. Сепак, порационалните знаат дека понеутралните бои подобро ќе ја задржат нивната цена при препродажба, а јас првенствено мислам на сивата боја“.
„Голема предност е што денешната сива боја не е класична, непривлечна сива, туку доаѓа во различни нијанси кои го подобруваат впечатокот. Кога ќе ја комбинирате пријатната нијанса на боја со фактот дека вашиот автомобил ќе ја задржи својата вредност подобро, популарноста на сивата не е изненадување“, заклучува Хаус.