Претставени Mercedes-Benz GLE Coupe и Mercedes-AMG GLE 53 4MATIC + Coupe
Повеќе луксуз, уште подобро купе
Новиот GLE Coupé има должина од 4.939 mm и ширина од 2.010 mm. Ова значи дека е за 39 mm подолг и за 7 mm поширок од својот претходник. Меѓуосовинското растојание е зголемено за 20 mm. Како и да е, купе верзијата и понатаму е за 60 mm помала од GLE. Како што велат од Mercedes, oва придонесува за поспортско однесување на возилото, како и негов подобар изглед на возилото.
Изгледот на предната страна ги комбинира карактеристиките на Mercedes-Benz SUV семејството на возила со јасни купе атрибути: дијамантската маска на ладилникот со една ламела ја покажува поврзаноста со другите купе модели во портфолиото на марката. Со AMG Line опрема, маската на ладилникот се проширува во препознатливиот A облик, додека игличките во маската на ладилникот се нагласени со хромирана горна површина.
Ветробранското стакло напред под помал агол не само што го прави возилото да изгледа подинамично, туку исто така подобро се вклопува во линијата на покривот што паѓа кон задниот дел и допринесува за впечаток на хармонична елеганција.
Динамиката на купе-линијата е особено впечатлива во дизајнот на задниот дел од возилото. Под С-столбот, силните крила се шират од телото на возилото, почнувајќи од задната врата и вклучително и задната светлосна група. Токму силните задни крила на возилото му даваат на GLE Coupé моќен изглед, подготвен за акција. Заедно со тенките и издолжени задни светла, се потенцира ширината на задниот дел на возилото.
Внатрешноста на новото GLE Coupe споделува голем број на заеднички карактеристики со другите модели во новото премиум SUV семејство со јасен акцент на спортскиот аспект.
Современиот кокпит го чинат два големи екрани со дијагонала од 12,3 “/ 31,2 см и командната табла, хоризонтално поделена со декоративен елемент. Горната површина е покриена со вештачка кожа ARTICO како стандард кај GLE Coupe.
Спортскиот дух е акцентиран благодарение на спортските седишта кои се дел од стандардната опрема и кои обезбедуваат исклучително добра странична поддршка на телото на патниците со тапацир ARTICO и новиот волан обложен со Nappa кожа, што е исто така стандард.
Постојат и широки опции за индивидуализација при изборот на декоративни опции и материјали, кои можат стандардниот спортски дизајн на GLE Coupe да го подигнат на едно ново ниво и во исто време да го демонстрираат квалитетот на рачно изработените оригинални луксузни производи.
Новиот Mercedes-AMG GLE 53 4MATIC+ Coupé е уникатна комбинација на спортска елеганција и моќни перформанси со добри теренски способности. Импресивната агилност, како што велат од Mercedes, е загарантирана со моќен реден 6-цилиндерски со 48-волтна технологија. Кон тоа допринесува и целосно варијабилниот AMG Performance 4MATIC+ погон на сите тркала. Агрегатот е поврзан со AMG SPEEDSHIFT TCT 9-степенски автоматски менувач.
Подобрената динамика на возење исто така доаѓа и од AMG-специфичните програми за возење и AMG RIDE CONTROL+ системот за воздушно потпирање со стабилизација електро-механички AMG ACTIVE RIDE CONTROL систем.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”14i8UNwZ2hjBMwo5HNBtmvmYJgbl2kkyP” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Mercedes-Benz GLE Coupé, како и верзијата AMG, за првпат ќе бидат претставени пред јавноста на меѓународниот автомобилски саем во Франкфурт (12-22 септември 2019 година). Овие модели во дилерската мрежа треба да пристигнат во пролетта 2020 година.