![Претставен новиот Toyota Yaris / ФОТО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/10/yaris-78-667-v4-292552.jpg)
Претставен новиот Toyota Yaris / ФОТО
Toyota го претстави новиот Yaris, кој доаѓа на сосема нова платформа, со нов ентериер и погонски единици
Јапонскиот гигант инвестирал многу во своето урбан модел, кој е најпродаваниот модел на Toyota во Европа.
Четвртата генерација е дизајнирана во Европа, со фокус на потребите на клиентите од „Стариот континент“, а ќе продолжи да се произведува во објектот на компанијата во францускиот Валенсиен.
Дизајнот на новиот Yaris е некако „постиснат“ и „поагилен“ од неговите претходници без MPV линии и 20 килограми полесен. Новата платформа ГА-Б влијаела и на намалување на висината на покривот за дури 40 mm, иако од Toyota тврдат дека тоа не влијаело значително на загуба во просторот за главата на патниците.
Новиот Yaris е 50 mm поширок, со 60 mm поширок траг, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за 50 mm, што се одразило на патничкиот простор. Новиот Yaris е подолг од својот претходник за само 5 милиметри, што значи дека е сè уште под 4 метри во должина со подобрено градско маневрирање.
Од Toyota тврдат дека салонот е направен според принципот „раце на воланот, поглед на патот“, со минималистичка контролна табла и мултимедијален екран поставен во линијата за очите на возачот.
Позицијата на седење на возачот е подобрена, со пониска точка на колкот за 3,6 cm споредено со претходната генерација и попространо седиште, прилагодлив волан и помалку исправена положба за седење.
Yaris доаѓа со три бензински погонски единици, сите три со 3-цилиндри. Основен е 1.0-литарскиот агрегат во комбинација со 5-степен мануелен менувач. Поголемиот 1.5-литарски агрегат доаѓа со 6-степен мануелен или CVT автоматски менувач.
Да не ја забортавиме и хибридната единица. Во нејзината основа е 1.5-литарска единица од 80 КС и 140Nm заедно со литиум-јонска батерија со воздушно ладење, 27% полесна за 15% поефикасен погон.
Toyota за првпат името Yаris ќе го користи на глобално ниво.