Претставен Bugatti Chiron Sport Les Légendes du Ciel инспириран од авионите / ФОТО+ВИДЕО
Bugatti со верзијата на Chiron Sport наречена Les Légendes du Ciel го слави својот успех во авионската индустрија и трките од почетокот на 20 век
Француската компанија има намера да произведе 20 примероци од моделот Chiron Sport Les Légendes du Ciel, од кои секој ќе чини 2,88 милиони евра.
Автомобилот е обоен во мат сива боја која Bugatti ја нарекува Gris Serpent, а содржи и широка бела линија по средината која оди и преку каросеријата.
Боите на француското знаме се наоѓаат странично и веднаш зад предните калници.
Погонот е преземен од Chiron Sport, а станува збор за 8.0-литарски W16 мотор кој развива 1.479 КС и вртежен момент од 1.600 КС.
https://youtu.be/-BCM_—FbE