![Претседателската лимузина подготвена за Путин](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/04/Russia-Cortege-4-1.jpg)
Претседателската лимузина подготвена за Путин
Новата луксузна руска државна лимузина успешно ги поминала серијата на краш тестови и наскоро ќе го угости претседателот на Руската федерација
Иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин на рускиот пазар да биде лансирана линија на домашни, луксузни седани и теренци под обединето име Кортеж, е во финална фаза.
Идејата беше претседателот да има свое посебно возило, но напоредно да биде развиена и линија за другите високи државни службеници, во која ќе влезат специјализирани возила, миниванови и SUV автомобили.
Дел од производството на овие возила би биле достапни и на слободниот пазар.
По бројните тестови, Кортеж ќе биде подготвен за сериско производство подоцна оваа година, потврди рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров. Тој за руските вести изјави дека седанот на Путин бил подложен на серија на краш тестови, а резултатите биле „позитивни“.
„Автомобилот наскоро ќе биде подготвен за јавна презентација“, вели Мантуров.
Точниот датум на промоција не е објавен, а претходно имаше шпекулации дека ова може да се случи на 7 мај, за време на претседателската инаугурација на Путин.
Како и да, Мантуров се надева дека рускиот претседател наскоро ќе почне да ја користи новата лимузина.