Автомобилот во суштина не се разликува многу од класичната Honda e, а неговата главна карактеристика е ексклузивната црвена боја – Premium Crystal Red

Honda претстави ограничена серија од моделот Honda e. Автомобилот кој пристигна на пазарот пред две години сега има и свое специјално издание за Европа од кое ќе бидат произведени само 50 примероци.

Honda ја лансираше оваа верзија со цел да го зголеми интересот за својот модел, а како промотер се ангажираше, ни помалку, ни повеќе актуелниот светски шампион во Formula 1, Макс Верстапен, кој прв и добил можност да го вози овој автомобил. 

„Автомобилот е едноставно прекрасен. Изгледа фанки, компактен е и забавен за возење. Тоа е одличен електричен градски автомобил“, вели Верстапен.

Самиот автомобил не се разликува многу од класичната Honda e, а неговата најголема карактеристика е ексклузивната црвена боја која Honda ја нарекува Premium Crystal Red. Таа боја е комбинирана со црн покрив, бандажи, прагови, делови од предниот и задниот дел и камери кои ги заменуваат ретровизорите.

Во внатрешноста нема никакви разлики во однос на класичната Honda e која и онака се разликува од кој било друг автомобил на пазарот со своите пет екрани кои целосно го покриваат предниот дел на кабината.

Со погонот управува електричен мотор од 154 КС кој ја црпи енергијата од батерија со капацитет од 35,5 kWh, што е доволно за 201 km според WLTP. Автомобилот е веќе во продажба.