Премиерно: Volkswagen ID.X Concept
Да ли е ова Golf R на иднината?
Електричните hot hatch модели сè уште не се комерцијално етаблирани, пред се затоа што производителите на автомобили имаат друг приоритет – SUV / Crossover моделите.
Renault флертуваше со идејата за лансирање на електричен hot hatch во 2017 година во форма на Zoe E-Sport Concept со погон на сите тркала во поставка со два мотори и 460 КС. За жал, овој „брз“ концепт со нулта емисија никогаш не доби сериска верзија. Затоа останува да се надеваме дека сè ќе биде поинаку со концептот Volkswagen ID.X.
Концептот го престави раководителот на одделот за патнички автомобили на Volkswagen, а овој привлечен електричен автомобил ја користи истата формула како и францускиот, што подразбира присуство на два електромотори и „диета“ во однос на стандардниот ID.3. Ралф Брандстетер вели дека е полесен за дури 200 килограми од серискиот модел и покрај аквизицијата во форма на предно монтиран електромотор.
Овој концепт ориентиран кон перформанси испорачува вкупно 333 КС (245 kW). Значи, тој е малку помоќен во споредба со другите модели базирани на платформата MEB на VW групацијата, вклучувајќи ги ID.4 GTX, кинескиот ID.6, Audi Q4 e-tron и Škoda Enyaq iV RS.
Дополнителниот електромотор придонесува за спринт до „стотка“ за 5,3 секунди, што го прави за две секунди побрз од ID.3 со погон на задните тркала. Ралф Брандстетер вели дека концептот е дизајниран да вклучува „Drift“ режим, како новата генерација на Golf R. Што се однесува до другите измени, тие вклучуваат спуштена суспензија, масивни тркала со гуми од низок профил и неонски акценти однадвор и одвнатре.
За жал, ID.X засега останува исклучиво во концептна форма. Позитивно е тоа што овој автомобил ќе биде „извор на многу идеи“ што треба да се имплементираат во идните производствени модели.