Овој хибрид доаѓа од Калифорнија и забрзува како најдобрите во светот

Малку познатата компанија Czinger Vehicles доаѓа од Калифорнија, а својот новитет ќе го претстави на авто салонот во Женева следниот месец. Од компанијата се надеваат дека на тој начин ќе привлечат потенцијални купувачи, како и инвеститори во својот проект. 

Станува збор за хиперспортски автомобил со хибриден погон од 1.250 КС. Во официјалното соопштение, компанијата не открива многу освен дека хибридниот погон е нивни производ, како и тоа дека автомобилот ќе може да забрза до 100 km/h за 1,9 секунди. А да, името на оваа „ракета“ е 21С.

Ентериерот сеуште е непознат, иако се знае само дека моделот McLaren F1 e тој кој што имал големо влијание кај инженерите. Не е позната ниту цената, но можете само да претпоставите.