Škoda Slavia е нов модел на Млада Болеслав. Škoda доби задача од групацијата Volkswagen да го предводи пробивот на пазарите во развој, а Индија е почетната точка.

Новитетот е поставен на платформата MQB-A0-IN, односно посебна варијанта на веќе познатата архитектура специјално прилагодена за употреба на индиските патишта. Slavia во најголем дел е развиена во таа земја и токму таму ќе се произведува.

Кога станува збор за дизајнот, генерално изненадувања нема. Овој изглед на возилото веќе можеше да се насети преку претходно објавените скици и папарацо фотографии. Јасно е дека целото лице е многу слично на новата генерација на Fabia и се на се е хармоничен автомобил.

Škoda Slavia е долга 4.541 mm, широка 1.752 mm и висока 1.487 mm. Меѓуоскиното растојание ќе биде 2.651 mm, па јасно е дека овде не станува збор за мал автомобил. Багажникот има волумен од 521 l, а со спуштени задни седишта оваа бројка оди до 1.050 l.

Чешкиот или подобро да се каже индискиот новитет во стандардна опрема нуди халогени светлосни групи со LED дневни светла, додека во поскапите тримови или пакети на опрема е достапно целосно LED осветлување.

Основното издание нуди челични тркала од 15 инчи, а алуминиумските тркала од 16 инчи се наведени како опционални. Од Škoda наведуваат дека клиентите на Slavia ќе можат да избираат меѓу пет бои и тоа: Crystal Blue, Tornado Red, Candy White, Reflex Silver и Carbon Steel.

Малку чудно, но како што изгледа на прв поглед, Škoda не штедела на внатрешноста на ова возило. Сето ова е во согласност со она што можеме да го видиме во Европа. Централната конзола има 10-инчен екран за контрола на инфозабавниот систем, а на дното има локација за безжично полнење на мобилен телефон, како и два USB-C приклучоци.

Пред возачот има повеќефункционален волан со два крака, како и 8-инчна дигитална инструмент табла, која сепак е е резервирана за најпрестижниот пакет на опрема на Slavia (Style), додека другите верзии користат традиционални аналогни инструменти.

Од Škoda истакнуваат дека особено внимание посветиле на безбедноста на овој автомобил, која не е на завидно ниво кај конкуренцијата во Индија. Стандардно, Slavia доаѓа со две воздушни перничиња (за возачот и совозачот), а опционално и воздушни завеси и странични воздушни перничиња.

Чесите посочуваат дека ги вметнале и системите ESC, XDS, XDS +, системот за помош при движење на угорница, задни паркинг сензори, па има и камера за движење наназад. Škoda вклучила и мониторинг на притисокот во гумите како дел од својата стандардна опрема.

Во понудата има само два мотори, и двата бензински. Воведниот погонски агрегат е 3-цилиндерски 1.0 TSI со 115 КС и 175 Nm, додека помоќниот 4-цилиндерски 1.5 TSI кој испорачува 150 КС и 250 Nm.

И двата агрегати се стандардно комбинирани со шест-брзински мануелен менувач, но 1.0 TSI опционално доаѓа и со класичен шест-брзински автоматски менувач, додека 1.5 TSI нуди DSG менувач.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1iL5ivJjWKKSq33lSS-sKVmk0o4AcmsAL” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Во соопштението за печатот на Škoda се наведува дека чешката марка ќе го предводи нападот на VW Group на индискиот пазар и дека целта е Škoda и VW да имаат 5% удел во оваа земја до крајот на 2025 година.

Цените не се познати, иако преднарачките се отпочнати, а првите примероци од новата лимузина треба да бидат испорачани на почетокот од следната година.