Откако и претходно го видовме храбриот дизајн на предните и задните светла во неколкуте најавни фотографии, дојде време целосно да се тргне прекривката од сосема новиот супермини базиран кросоверот на Hyundai, наречен Bayon

Хеч моделот со повисоко седење е дизајниран за Б-сегментот каде ќе треба да се пазарно да се соочи со автомобили како Ford Puma, Volkswagen T-Cross и Nissan Juke, а се очекува да чини нешто повеќе од i20. 

Hyundai уште еднаш прибегнува кон необичен дизајн, сè со цел моделот да се истакне меѓу големиот број конкуренти. На предната страна се гледа дводелна светлосна група со многу широка и изразена решетка. Страничниот поглед и не е толку импресивен и се забележуваат острите линии на страните на возилото. На задната страна, корејскиот бренд отишол чекор напред со стилски решенија кои на Bayon му даваат навистина уникатен изглед.

Светлосната група е поврзана со тенка LЕD лента која се протега по целата ширина на возилото. Лажниот продолжеток на задното ветробранско стакло му дава вистински уникатен изглед на задниот крај на возилото.

Hyundai наведува дека светлосните групи се изработени во LED технологија, а Bayon доаѓа со избор на тркала од 15, 16 и 17 инчи. Покрај тоа, за новиот теренец е подготвена палета од девет бои, вклучително и нова зелена боја што Корејците официјално ја нарекуваат Mangrove Green.

Кога станува збор за ентериерот на возилото, дигитализацијата е клучен збор. Пред возачот има два екрани. Еден од 10,25 инчи игра во улога на инструмент табла, додека другиот дисплеј е поставен на централната конзола и се користи за контрола на инфо-забавниот систем. Овој екран може да биде со дијагонала од 8 или 10,25 инчи, во зависност од пакетот на опрема.

Јужнокорејскиот производител посочува дека Bayon ќе биде на врвот во својата класа во сферата на конективност во возилото. Постојат два USB приклучоци од предната и еден од задната страна, има место за безжично полнење на мобилниот телефон, инфо-забавниот систем е компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay, а има и звучен систем Bose.

Hyundai тврди дека Bayon е простран автомобил за Б сегментот. Долг е 4.180 mm, широк е 1.775 mm, висок 1.490 мм со меѓуоскино растојание од 2.580 mm. Растојанието е до 1.83o mm (со тркала од 17 инчи). Багажникот има волумен од 411 литри, додека со преклопени задни седишта може да se смета на 1.205 литри.

Новиот теренец ќе доаѓа со цела низа напредни системи за безбедност, активни и пасивни. Списокот е многу долг, но не сите системи се вклучени во списокот на стандардна опрема. Bayon ќе ги понуди следниве системи: одржување во лента на возилото, прилагодлив темпомат, ограничувач на брзината, предупредување за поспаност и невнимание на возачот, предупредување за потенцијален судир на предниот и задниот дел, како и возила во слепата точка… 

Кога станува збор за опсегот на мотори, Bayon ќе нуди само бензински мотори, од кои некои ќе бидат поддржани од благ хибриден систем. Воведната моторна единица е атмосферец  – 1.2-литарска единица со четири цилиндри – кој испорачува 84 КС и е поврзан со петстепен мануелен менувач. 

Следува 1.0-литарскиот турбо бензински агрегат со три цилидри 1.0 T-GDi. Оваа единица е достапна во две изданија со моќност од 100 или 120 КС, а двете верзии можат да имаат помош од благ хибриден систем од 48 V (во последниот е стандарден дел од опремата). Кога станува збор за менувачот, 1.0 T-GDi е споен со шестстепен мануелен менувач или автоматски менувач со двојна спојка со седум степени на пренос. 

Првите единици до новите сопственици во Европа треба да стигнат во средината на оваа година. Почетната цена се очекува да биде малку повисока од цената за хечбекот i20.