Германскиот производител објави фотографии и технички детали за рестилизираниот Passat за европскиот пазар

По рестилизацијата на американската верзија, германскиот гигант истото го стори и за европската верзија. Volkswagen ги „освежил“ сите верзии на моделот – седан, караван и крос Alltrack варијантата.

Промените се дикретни. Дизајнерите ги редизајнирале предниот и задниот браник, додека решетката претрпела помала промена. Тука се и новите предни и задни светлосни групи, кои сега стандардно се достапни во LED технологија, исто како и LED дневните светла и магленките. Опционални се специјалните матрикс фарови, како во новиот Touareg, обезбедуваат подобро осветлување на патот пред возилото, а со тоа и поголема безбедност при возење.

Меѓу другите мали промени на надворешноста се издвојува новиот начин на означување на името на моделот на каросеријата. Како кај Volkswagen Arteon, ознаката Passat сега централно поставена под амблемот на VW на капакот на багажниот простор.

Промените во внатрешноста се уште подискретни, а од Volkswagen наведуваат дека Passat за 2019 година е опремен со мултимедијален систем од новата, трета генерација, како и современа дигитална инструмент табла. Мултимедијалниот екран може да биде со дијагонала од 6,5, 8,0 или 9,2 инчи.

Производителот направил напори да ги подобри и системите за помош на возачот, така што полуавтономниот возен систем сега работи со брзина од 210 km/h.

Исто така, во понуда се адаптибилен темпомат, систем за одржување на возилото во сообраќајната лента, систем за автономно вртење на возилото во случај на судир, систем за помош при паркирање итн.

Електромеханичкиот систем за сопирање, кој овозможува брзо сопирање, сега е стандардна опрема (пред рестилизацијата беше достапен само кај хибридната GTE верзија).

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ELPjOG3l4E7gUhSFbtcGl6opZySLJWzo” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

[useyourdrive dir=”1BQSBSpL9qKCGcJfyhJBUWWkZGitXDK3z” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

[useyourdrive dir=”1cP_LiVzS3H7y1jpwNJwwUqMXLmLWVn-U” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

[useyourdrive dir=”178c4GDih_cuh21wGQ_hs1_lbRDeF0gbR” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

[useyourdrive dir=”1UbOQBsVz0TuWkUZxKgiBW67BenTHzqXB” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Моторизацијата вклучува три TSI турбо бензинци и четири TDI турбо дизел агрегати. Основниот 1.5 TSI произведува 150 КС (110 kW), а покрај него се и два 2.0 литарски турбо бензински мотори со 190 КС (140 kW) и 272 КС (200 kW). Оние што милуваат дизел можат да избераат помеѓу четири опции. Основниот 1.6 TDI испорачува 120 КС (88 kW), додека новиот 2.0 TDI Evo произведува 150 КС (110 kW). Тука се уште две 2-литарски варијанти – со 190 КС (140 kW) и 240 КС (176 kW). Од Volkswagen велат дека моторната гама сега е „позелена“ и емитува помалку штетни материи.

На клиентите на располагање е и plug-in хибридот Passat GTE кој сега може да помине до 55 километри само на електрична енергија (во согласност со новиот циклус WLTP), или до 70 km (според NEDC). Погонскиот систем се состои од бензинска 1.4 TSI единица со 115 КС (85 kW) и електромотор, а вкупната комбинирана моќност е 218 КС (160 kW).

Рестилизираниот Passat ќе продолжи да се произведува во фабриката Емден во Германија, каде што овој модел се произведува уште од 1978 година. Сепак, кога во 2023 година ќе пристигне новата генерација на Passat, таа веќе нема да биде Made in Germany, бидејќи производството ќе се пресели во Чешка.

Volkswagen ќе започне да прима нарачки за редизајнираниот Passat во мај, прво во Германија, а првите испораки до купувачите се очекуваат во август оваа година.

https://youtu.be/NTIBGrId-AA